Lexus ја лансираше втората генерација на кросоверот NX, која пристигнува и во plug-in хибридно издание со 306 КС, со нов дизајн на кабината и еволуција на стилот на каросеријата

Новата итерација на најпродаваниот модел на Lexus во Европа пристигнува кратко време по најавата на јапонската марка дека ќе ги засили напорите за електрификација со 10 нови хибриди, PHEV и чисто електрични модели до 2025 година.

Новиот NX е клучен елемент на оваа офанзива и тоа во форма на 450h+. Ова е првиот plug-in хибриден модел на Lexus, опремен со технологијата на матичната Toyota.

NX 450h+ ја користи истата бензинско-електрична поставка како и неговиот близок „братучед“ Toyota RAV4 и Suzuki Across. Станува збор за комбинација од 2,5-литарски атмосферски мотор со 185 КС и електромотор од 183 КС на предната и 55 КС на задната оска. Тоа значи дека погонот е на четири тркала, а спринтот до „стотка“ трае нешто повеќе од 6 секунди.

Со електрични мотори кои црпат енергија од 18,1 киловатната литиум-јонска батерија, NX 450+ може да помине до 64 километри само на електрична енергија, со брзина до 135 km/h. Кога батеријата ќе се потроши, системот функционира како конвенционален хибрид на Lexus, кој според компанијата е 20% поефикасен од конкурентските PHEV SUV модели.

Емисиите на СО2 Lexus ги проценува на 40 g/km, додека номиналната потрошувачка на гориво е 3 литри бензин на 100 изминати километри.

Друга достапна варијанта на NX ќе биде еволуција на хибридот NX 350h, кој треба да биде помоќен за 22%, да испушта 10% помалку јаглерод диоксид и за 15% да биде побрз од моделот во заминување. Електрифицираниот 2.5 литарски 4-цилиндерски мотор испраќа 242 КС или напред или опционално на двете оски, обезбедувајќи забрзување од место до 100 km/h за 7,7 секунди.

Со 20 милиметри понизок центар на гравитација, пошироко меѓуоскино растојание и подобра дистрибуција на тежината отколку порано, Lexus вели дека NX ќе ги испорача стандардните возни карактеристики на автомобилот на оваа јапонска марка.

Новите материјали за каросеријата и техниките за заварување донесуваат подобра крутост на школката, а во развојот биле вклучени и професионални возачи на трки, особено во однос на забрзувањето и реакцијата на сопирачките.

Внатрешноста е целосно редизајнирана, па NX е првиот модел на Lexus кој може да се пофали со кокпит дизајнот Tazuna, првпат претставен во 2019 година со радикалниот концепт LF-30.

Со фокус на „обезбедување директна, интуитивна контрола на возилото“, целта на NX е да промовира доверба и употребливост. Основните функции се контролираат преку копчињата чувствителни на допир на воланот, додека таблата со инструменти е навалена кон положбата на возачот за подобра пристапност и видливост на контролните единици.

Новиот опционален 14-инчен дисплеј (стандард е 9,8 инчи) се вели дека е меѓу најголемите во овој сегмент и е поддржан од процесор што е 3,6 пати побрз од оној во NX во заминување. Оперативниот систем е исто така сосема нов.

Lexus тврди дека новиот NX носи подобрувања во просторноста, удобноста и квалитетот, благодарение на „висококвалитетните материјали“ и новите карактеристики како што се електронско отклучување на вратите, персонализирано добредојде преку светлосна секвенца и далечинско климатизирање на кабината пред возењето со апликацијата Lexus Link.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”16V2-6jZfPMIPHqjJYcXr3L77ncHtJDsX” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Цените ќе бидат објавени по завршување на летото, така што новиот NX ќе пристигне во продажните салони во Европа на крајот од годината. Очекуваната почетна цена е околу 40.000 евра.