Фабрички или заменски гуми? Ист производител, ист тип, но многу различни резултати! / ВИДЕО
Новиот BMW M3 фабрички доаѓа со гуми Michelin Pilot Sport 4S, но ако ги побарате во вашата локална продавница за гуми, тоа не се исти гуми
Производителите на автомобили, заедно со компаниите за пневматици, инвестираат огромни количини ресурси во развој на гуми за специфични модели. Џонатан Бенсон од YouTube каналот Tire Review, проверил дали има разлика помеѓу оригиналните фабрички гуми и заменските од истата марка и тип.
Новиот BMW M3 фабрички доаѓа со гуми Michelin Pilot Sport 4S, но ако ги побарате во вашата локална продавница за гуми, тоа не се исти гуми. Имено, Michelin потрошил повеќе од две години развивајќи специјален тип Michelin 4S за моделот М3.
И, ако погледнете внимателно, разликата е видлива, оригиналната гума е изработена од четири различни споеви, а не од два како што е случајот со заменските. Покрај тоа, процепите во профилот се малку поголеми, а крутоста настраните е различна.
„Со случаен поглед не би забележале ништо невообичаено, но мноштвото кругови од двата комплети гуми на истиот М3 го покажуваат спротивното“, истакнува Џонатан.
Прво е тестиран заменскиот Michelin комплет на сува патека. Иако станува збор за гума која добро лежи на подлогата, тестот открил една „ситница“ – забележан е мал дисбаланс помеѓу предниот и задниот дел од автомобилот, што во некои точки доведува до подуправување, особено во средината на свиоците.
Со поставувањето на оригиналните 4S Pilot Sport се ова едноставно се брише. „Нерамнотежата целосно исчезна, како и прекумерното управување, а гумите во целост станаа попредвидливи“, веле Џонатан од Tire Review. И, конечно, оригиналните гуми обезбедиле подобро време по круг, дури за две полни секунди.
На влажна патека, јазот помеѓу оригиналните и заменските гуми се намалува. Иако рамнотежата сè уште била присутна, лежењето на подлогата и времето по круг на влажната површина биле скоро исти за двата сета.
„На типичен влажен пат, оригиналниот Michelin 4S се однесува приближно исто како и заменскиот“, заклучува Џонатан.