Според она што го велат од Greenpeace, Volkswagen се обидува да направи напредок во областа на електромобилност и заштита на климата, но истовремено продава милиони возила со дизел и бензински мотори

Околу 40 активисти на Greenpeace влегле на голем паркинг на Vоlkswagen и ги отворило автомобилите подготвени за испорака или транспорт. Одземени биле клучевите од сите автомобили. На видео запис експертот за сообраќај на Greenpeace, Бенјамин Стефан објаснува дека активистите на Greenpeace пристигнале со велосипеди и гумени чамци, а потоа провалиле во фабриката на Volkswagen во германскиот град Емден. Се искачиле преку оградите, и пристапиле до затворениот терен. Тука имало околу 400 нови автомобили, сите со мотори со внатрешно согорување. Тие беа подготвени за испорака. Се наведува дека активистите ги зеле скоро сите клучеви од паркираните нови автомобили.

Полицијата пристигнала брзо и со помош на локалните чувари и речната полиција на реката Емден биле уапсени 14 активисти. Останатите избегале. Според Greenpeace, VW се обидува да постигне напредок во областа на електромобилноста и заштита на климата, но истовремено продава милиони возила со дизел и бензински мотори и сака дополнително да го зголеми учеството на теренците кои и штетат на климата.

Фабриката во Емден ги произведува сите верзии на Passat и Arteon.