Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 17.05.2021 година

Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.05.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.05.2021 година, и со тоа, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 59,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,977 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.05.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 33,619 ден/кг.