Најомилена музика за возење? Eве што претпочитаат Британците
Во Топ 10 според возачите се претежно рок-бендови од минатото
Која музика е најпопуларна за возење? Британската компанија Perrys одлучила да даде официјален одговор на ова прашање и спровела истражување на над 1.500 возачи. Првото место дефинитивно и припаѓа на рок групата The Queen – веројатно благодарение и на обидот на Top Gear да ја одреди најпопуларната песна за возење, при што првото место е за нумерата Don’t Stop Me Now.
Фреди Меркјури и неговите другари од групата The Queen на оваа листа се убедливо на врвот со гласот на 4,7% испитаници, далеку пред Ед Ширан – 2,7%, Abba – 2,5% и Little Mix – 2%. Генерално, во првите десет доминираат старите рок-групи – The Beatles се шести, The Eagles – осми, Fleetwood Mac – деветти и AC-DC – десетти. Меѓу помодерните музичари во Топ 10 се Coldplay и Oasis.
Ако станува збор за музички правец, повеќе од една третина од испитаниците претпочитаат да слушаат поп во нивниот автомобил, 15% гласале за рок, 8% за кантри, 8% за рап и 6% за класична музика.
Нам ни се чини дека ако во Македонија се направи вакво истражување, тешко дека нешто ќе се поклопи со оваа листа. А наскоро и ќе го направиме.