Австралиецот врза две победи по ред, трета во кралската класа, Зарко и Квартарао на подиумот на домашен терен

Џек Милер уште еднаш покажа дека е највешт во моментов кога условите на патеката се променливи. На патот кон победата, не го попречија ниту повремени врнежи од дожд, силниот ветер, ниту пак двојната казна во форма на „долг круг“.

Возачот на Ducati ги совлада сите пречки и ги победи домашните возачи, Зарко и Квартарарo, кои на крајот сепак беа задоволни од пласманот на подиумот. Џек Милер со оваа победа стана и првиот возач од Австралија кој врзал две победи по ред уште од победите на Кејси Стонер во 2012 година.

Набрзо по стартот и водството на Милер, над патеката се надвија црни облаци. Додека патеката сè уште беше сува, во борбата за првата позиција учествуваа Милер, Квартараро, Маверик Вињалес, Алекс Ринс и осумкратниот светски шампион Марк Маркез. Кога дождот пристигна во 3-от круг, Вињалес почна да заостанува, Милер погреши и падна на четвртото место, за кратко потоа сите да заминат во бокс за да ги заменат моторите.

Марк Маркез беше најбрз во тоа и поведе по излегувањето од боксот пред Квартараро, Ринс и Милер, кој заработи казна за пребрзо влегување во боксот. Французинот го следеше возачот на Repsol Honda некое време, за Ринс потоа да излета од патеката на истото место како и минатата година. Маркез ја зголеми предноста, но неговиот обид за победа заврши во деветтиот круг, кога излета од патеката, но успеа да се врати. Сепак, по уште еден излет во моментот кога се проби на 11-та позиција, тој се откажа од ново враќање.

Квартараро поведе, но Милер беше најбрз на патеката зад него. Откако ја одработи казната, брзо го стигна, го престигна и направи разлика. Подоцна и младиот Французин беше казнет затоа што направи грешка кога отиде во боксот и отиде во делот од гаражата на Вињалес.

Wrong bike @FabioQ20!!! ?

Despite a Long Lap Penalty for pulling in front of his team-mate's machine, the Frenchman recovered to finish P3! ?#FrenchGP ?? pic.twitter.com/eI8bVzz4Hy
— MotoGP™? (@MotoGP) May 16, 2021

Сепак ја задржа втората позиција, но кога патеката започна да се суши, почна и „будењето“ на Зарко кој надополнуваше повеќе од една секунда по круг. На шест круга пред крајот, постариот од двајцата Французи едноставно само „прошиша„ покрај Квартараро на стартно-целната рамнина на шест круга пред крајот, но тоа беше максимумот за Зарко.

Поранешниот шампион Маркез не беше единствениот кој доживеа два инциденти. Жоан Мир од Suzuki исто така заврши покрај патеката и со тоа се погрижи за целосно фијаско на тимот на Suzuki на Леман.

Викендот во Ле Ман нема да остане во убавите спомени и за Морбидели. По бизарниот инцидент во саботата, Италијанецот се пожали на силна болка во коленото. Потоа во текот на трката направи една некарактеристична грешка кога се обиде да го престигне Пол Еспаргаро, го закачи Роси, а потоа заврши во чакалот.

Од друга страна, на дождливиот Ле Ман, по проблематичниот старт на сезоната, доста солидни беа Петручи и Алекс Маркез, кои конечно можат да се пофалат со завиден број на освоени поени.

MOTOGP LE MANS 2021 / Резултати

MOTOGP LE MANS 2021 / Full Race Highlights

https://youtu.be/B2cTAiCBLsE

Благодарение на третото место, Квартараро се врати на првата позиција во генералниот пласман со 80 поени, Бањаја има еден помалку, додека Зарко е трет со 68.

Следната трка е трката за Големата награда на Италија на патеката Муџело на 30 мај.