Премиерно: Audi Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron / ФОТО+ВИДЕО
По е-Tron, е-Tron Sportback и е-Tron GT, Audi го отстрани превезот од моделите Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron
Во европските салони треба да пристигнат до крајот на годината, нудејќи автономија до 520 километри по WLTP циклус.
За европскиот пазар планирани се три верзии (две за САД): Q4 35 и Q4 40 e-tron се оние кои ќе ја започнат приказната, а заокружувањето ќе биде направено со Q4 50 e-tron quattro, со два мотори и погон на сите тркала, за разлика од првите две верзии кои ќе располагаат само со погонот на задните тркала. Во понуда се две батерии, со спецификации слични на оние во Volkswagen во ID.4.
Врз основа на платформата MEB на која почиваат и VW ID.3 и ID.4, Q4 e-tron во стандардното издание располага со 52 kWh батерија (нето). Поголемата литиум-јонска батерија обезбедува 82 kWh (вкупно) и 77 kWh (нето), соодветно.
Моделите со еден мотор ќе испорачуваат 170 и 204 КС (310 Nm), што е доста солидно за автомобил со компактни димензии, додека верзијата со два мотори располага со 299 коњски сили и 460 Nm. Во исто време, Q4 50 e-tron quattro до „стотка“ забрзува за 6,2 секунди, што е исто така многу добро, бидејќи не е модел со ознака RS.
Кога станува збор за полнење на батеријата, истата може да се полни со наизменична струја до 11 kW, или со директна струја до 125 kW. Станиците за брзо полнење DC можат да обезбедат 208 километри возење за само 10 минути.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1BppY493HoJG-RjZt-pJ6rPZSAjhwRYrF” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Што се однесува до продажбата, таа започнува во јуни, со почетна цена од 41.900 евра во Германија за стандардниот модел, додека за Sportback мора да се издвојат минимум 43.900 евра.