Во ново писмо со препорака, советодавното тело на ЕУ, AVGES сепак се оградува од утописките цели

Најавите на Европската комисија ги загрижија многу производители на автомобили, особено германските, кои имаат големи теренци со дизел и бензински погон. Се разбира, станува збор за строгиот емисиски стандард Еуро 7, предвиден за примена од 2025 година. Со најавените ограничувања на издувните гасови на одделни возила од 30 до само 10 mg/km азотни оксиди, ова би било практично крај на моторите со внатрешно согорување бидејќи ограничувањето е ригорозно, а можноста за грешка на мерните уреди е околу 30 mg/km на азотни оксиди. Така на пазарот би останале само електричните автомобили.

Во новото писмо со препорака, советодавното тело на ЕУ, Советодавната група за стандарди и емисии на возила (AVGES), сепак, се дистанцира од утописките цели, што некои индустриски експерти ги опишаа како објава на војна.

Очигледно, долгорочно решение е да се намали употребата на фосилни горива и, со текот на времето, развој на синтетички горива. Најмодерните автомобили се веќе многу пати под сегашните гранични вредности на стандардот Euro-6d. Стандардот Еуро 7 треба да стане изводлив понатамошен развој на стандардот Euro-6d.

Препораката на AVGES е само препорака, а не конечна одлука. Сепак, изјавата на оваа група е најава за одлуката што следи и секако не дошла без претходна консултација со сите политички тела на ЕУ.