Претпремиерно Alpina B8 Gran Coupe
Спортската лимузина е алтернатива на новиот BMW M8
Официјалната премиера на Alpina B8 Gran Coupe е подоцна вечерва, но фотографии од автомобилот веќе се појавија на веб-страницата на BMW во САД. Компанијата реагираше брзо и ги отстрани, но сепак некои фотографии останаа да кружат на интернет
Во споредба со BMW M850i Gran Coupe, B8 Gran Coupe има малку поинаков преден браник со натпис Alpina под долната решетка. Отворите на предниот браник изгледаат поинаку, додека страничните прагови се идентични. Задниот браник вклучува нов дифузер со четири ребра, а автомобилот во овој случај има четири издувни цевки.
Амблемите на BMW сеуште се присутни на двата краја, но капакот на багажникот останал без натписите „xDrive“ и „M850i“, а наместо нив се поставени ознаките „Alpina“ и „В8“. Компаниските колоритни алуминиумски фелни совршено ги исполнуваат калниците, комбинирајќи се совршено со зелената боја.
Написите Alpina ја красат и дигиталната инструмент табла и iDrive селекторот, а дополнителна специјална плочка е поставена пред централниот потпирач за раце.
Техничките карактеристики на моделот ќе станат појасни по премиерата, но веќе е познато дека спортскиот седан користи подобрена верзија на 4.4-литарскиот twin-turbo V8 од M850i Gran Coupe. Се очекува моторот да развива околу 600 КС, насочени кон преконфигурираниот систем за задвижување на четири тркала xDrive преку 8-степен автоматски менувач.