По 2026 година, компанијата ќе се фокусира само на електромотори

Конкуренцијата во областа на електрификацијата и сè построгите европски регулативи се повеќе ги принудуваат производителите да се откажат од дизел моторите, а овој процес се забрза по Dieselgate скандалот во 2015 година. Во иднина, јасно е дека нема место и за бензински мотори, кои исто така полена остануваат во втор план.

Пред само неколку дена, AUdi објави дека компанијата повеќе нема да развива мотори со внатрешно согорување, бидејќи не гледаат смисла во таквата инвестиција. Сега и матичната компанија, Volkswagen, ги откри своите планови. А тие се довршување на дизајнот на новата генерација мотори кои го исполнуваат стандардот Еуро-7 и нивното лансирање во 2026 година.

Потоа Volkswagen целосно ќе се фокусира на електромотори, но во исто време, моторите со внатрешно согорување ќе останат во гамата најмалку до 2040 година. Целта на компанијата е во 2030 година околу 70% од продажбата во Европа да се однесува на електрични автомобили. За САД и Кина, сепак, проектираното учество е помало – 50%.

Според извршниот директор на Volkswagen, Ралф Брандштетер, останатите два од главните брендови на групата, Seat и Škoda, ќе го следат примерот.