Речиси цели 18 месеци по официјалната премиера на Саемот за автомобили во Франкфурт во 2019 година, Италијаните ги овозможија првите новинарски тестови на автомобилот

Lamborghini Sian досега го имаат тестирано само неколку избрани, а меѓу нив е и Крис Харис од автомобилската емисија Top Gear, кој го испробал токму на нивната тест патека.

 Првиот хибриден модел во историјата на Lamborghini го одзема здивот и со дизајнот, но секако и со перформансите. На прв поглед, јасно е дека Sian е голем чекор напред во споредба со Aventador. Со 48-волтна инсталација и благ хибриден систем, славниот 6.5-литарски атмосферски V12 бензинец развива дури 820 коњски сили.

Сосема доволно за да се катапултира до 100 km/h за помалку од 2,8 секунди пред да постигне максимална брзина од 350 km/h.

Lamborghini Ѕian ќе се произведе во строго ограничена количина од 63 купе верзии и 19 родстери.