Според германското издание на BussinesInsider, малиот хечбек наскоро ќе стави точка на својата долга и многу успешна кариера

Според се, веќе нема место за Polo во гамата на Volkswagen. За време на прес-конференцијата претходно овој месец, Ралф Брандштетер, шеф на производителот со седиште во Волфсбург, зборуваше за трансформацијата на брендот во „провајдер за мобилност со фокус на софтвер“. По тој повод, Брандштетер даде неколку изјави во врска со иднината на сегашните модели.

Првиот човек на Volkswagen изјави дека е потребно да се продолжи со продажба на конвенционални автомобили, сè додека електричната мобилност не се развие и не го достигне потребното ниво. Тогаш најави дека пет возила дефинитивно ќе добијат нова генерација и дека ќе се потпрат на напредни plug-in-хибридни склопови што треба да им овозможат опсег во EV режим од 100 км.

Брандштетер и неговиот тим експлицитно изјавија за кои пет автомобили станува збор. Тоа се Golf, Tiguan, Passat, Tayron и T-Roc. Не е потребно многу внимание да се забележи дека Polo не е меѓу моделите што ќе добијат нова генерација

Во текот на оваа пролет, моделот од Б-сегментот треба да добие опсежно ажурирање што ќе го продолжи неговиот животен век. Но, не за долго, бидејќи во 2025 година, Polo дефинитивно ќе се пензионира. За тоа сведочи и фактот дека никој од раководните лица на Volkswagen во претходниот период не зборуваше за иднината на овој автомобил, што укажува на тоа дека се ближи крајот.

VW верува дека електрификацијата на Polo е скап и непрофитабилен проект во моментот. Покрај тоа, тие се убедени дека примената на електрификација, односно plug-in хибриден систем, значително би ја зголемила цената на овој хечбек и дека на тој начин би се направило отстапување од традиционалната база на клиенти Polo.

Тука можеме да се направи паралела со Škoda, која иако работи на електрификација, не брза, како што е случајот со матичниот Volkswagen. Оваа година чешката марка ќе претстави нова генерација на Fabia која ќе се префрли на платформата MQB A0. Оваа архитектура е основа на сегашното Polo, што го прави уште полесно да се спореди.

Škoda веќе објави дека нема ништо од електрификацијата на Fabia, бидејќи тие сакаат да ја задржат прифатливата цена. Очигледно, логиката во управувањето со двата бренда е иста – додавање батерии и електрични мотори е скап потфат за Б сегментот.

Раководството на Volkswagen, предводено од Ралф Брандштетер, има задача да ја забрза електрификацијата и преминот кон електрични возила. Затоа, нема место за Polo во палетата на германскиот производител, но тоа не значи дека оваа класа возила ќе остане испразнета.

Точно во 2025 година, кога споменатиот модел треба да се повлече, Volkswagen ќе претстави наследник – ID.1 или ID.2, во зависност од тоа која номенклатура ќе ја изберат. Овие електрични автомобили ќе бидат сместени во Б сегментот, а едниот ќе биде хечбек, а другиот кросовер. Значи, ова се возила што ќе ја пополнат празнината што ќе ја остави повлекувањето на Polo.

Но, овие електрични модели ќе бидат значително поскапи од конвенционалниот хечбек. Брандштетер најави цена од 20.000 до 25.000 евра, што е далеку повеќе од основното Polo што се наоѓа на пазарот денес. Сепак, и тука може да има промена, сето тоа зависи од цената на батериите. Volkswagen потврди дека ќе лансираат нови ќелии за батерии и дека ќе изградат шест фабрики за нивно производство во Европа. Според нивните пресметки, батериите за базните модели треба да бидат поевтини за 50%.

Германското издание на BussinesInsider исто така пишува дека раководството на Volkswagen официјално ќе ги објави своите планови во врска со Polo во наредниот период и дека јавно ќе го утврдат крајот на кариерата на овој модел. Порталот потцртува дека информациите се од извор близок на Volkswagen.

Бидејќи германските медиуми се секогаш добро поврзани со локалната автомобилска индустрија, сигурно е дека информациите се веродостојни и дека Polo е зрело за пензија. Во меѓувреме, ќе видиме уште еден рестајлинг на овој хечбек.

Ажурираниот адут од Б сегментот ќе биде претставен во текот на пролетта, а некои извори наведуваат дека тоа ќе се одржи во јуни. Се очекуваат обемни промени на повеќе полиња. Визуелно, Polo треба да добие целосно ново лице, со светлосна група слична на онаа на Golf 8. Покрај тоа, „малиот“ сигурно ќе го отфрли моторот 1,6 TDI од својата палета на мотори, а некои веруваат дека може да добие благ хибриден систем за одредени бензински погонски единици.

Polo на сцената стапи уште во 1975 година и оттогаш помина низ шест итерации. Сегашната генерација се појави на пазарот кон крајот на 2017 година, а истакнатиот план на BussinesInsider се вклопува во животниот циклус на Polo mk6. Ако извештаите се остварат, тогаш овој хечбек ќе се повлече во 2025 година, по пет децениска кариера.