Германската компанија инвестираше во кинеска компанија, која се покажа како целосен неуспех

Плановите на Mercedes-Benz за развој на палета на електрични возила се под сериозна закана поради кинеската компанија Farasis, која се занимава со производство на батерии, пренесуваат медиумите во Германија.

Соработката помеѓу Mercedes и Farasis започна во 2019 година. Во тоа време, кинескиот производител не беше пазарно познат, но Германците гледаа голема перспектива и можности за развој. Минатата година, компанијата од Штутгарт купи акции во вредност од дури 400 милиони евра од својот нов партнер, како поддршка на идната соработка.

Сепак, првите батерии увезени од Farasis во Германија се покажале дека се со многу лош квалитет и нема шанса за нивно поставување во електричните автомобили на германскиот производител. Што е пострашно, се покажало дека Кинезите нема да можат да ги поправат работите до 2022 година, кога Mercedes треба да започне со производство на електрични возила со батериите на Farasis.

Правниот оддел на Daimler веќе започнал постапка за прекинување на врската со кинеската компанија. Засега, проблемот нема да влијае на производството на електрични автомобили на Mercedes, бидејќи сите сегашни модели на марката во моментов користат CATL батерии.

Згора на се, во Штутгарт треба да решат уште еден проблем кој се однесува на конвенционалните автомобили. Компанијата објави сервисна кампања за 264.000 примероци од моделите C-Class и GLC, произведени во периодот 2016-2020 година и продадени ширум светот.

Според извесувањето, погодените автомобили се изложени на ризик од запалување и горење, но не е јасно за каков проблем станува збор. Скоро половина од нив, нешто повеќе од 121.000 единици, се продадени во Германија.