Formula 1 и FIA официјално потврдија дека Португалскиот ГП ќе се вози на 2 мај

Овој термин досега беше празен. Многумина веруваа дека тогаш може да се одржи Гран при на Кина, но од почетокот на годината се појавија гласини дека токму ГН на Португалија сепак може да го заземе тоа место.

Трката сега и официјално е потврдена, со што втора година по ред остануваме без трка во Шангај.

„Многу сме задоволни што можеме да потврдиме дека Formula 1 повторно ќе се вози на патеката Портимао, по големиот успех што беше постигнат минатата година. Сакаме да им се заблагодариме на промоторите на трката и на португалските власти за нивната голема работа, што ни овозможиja да се најдеме во оваа позиција “, изјави првиот човек на Fomrula 1, Стефано Доменикали.

Покрај ова соопштение, Formula 1 и FIA го споделија и официјалниот распоред на сите трки.