Без CO2 или други атмосферски загадувачи, ова е единственото прифатливо решение

Одржливоста може да биде главната причина за возење на целосно електричен автомобил, но во никој случај не е единствената. Освен за благосостојбата на планетата, има и придобивки за возачите.

Користењето на електричен автомобил во кој било голем град заштедува многу време и пари.

Кажете збогум на сообраќајниот метеж. 

Способноста да се избегнат типичните метежи во сообраќајот е една од стимулациите со кои се повеќе и повеќе градови ги наградуваат корисниците на електрични автомобили. Во многу европски градови е дозволено да се вози по лентите за автобуси. Особено се истакнува случајот со Мадрид, каде што можете да возите во лентата резервирана за специјални возила или за еколошки автомобили. Благодарение на оваа мерка, ако живеете во предградијата, можете да ги намалите дневните патувања до работа за околу 30 минути на ден. За многу корисници, ова е главната причина за избор на електричен автомобил.

Лесно паркирање. 

Друг голем дневен предизвик за возачите во огромното мнозинство на градови е наоѓање паркинг простор. Затоа, сè повеќе градови им нудат на возачите на електрични возила посебни поволности, како што се бесплатни или поевтини резервирани места за паркирање. Тие можат да паркираат во сината и зелената зона без плаќање и без временско ограничување.

Возење до самиот центар на градот 

Скоро 300 европски градови имаат зони со ниски емисии. И тој број расте. Шпанскиот закон за климатски промени, на пример, ги обврзува сите градови со повеќе од 50.000 жители да создадат зони со ниски емисии и да го ограничат сообраќајот со поголеми емисии до 2023 година. Електричните автомобили се решение за ограничувањата во градовите.

Полнете и возете. 

Веќе има повеќе од 150.000 јавни места за полнење во Европа. Градовите се свесни дека мораат да изградат електрична мрежа за полнење на електрична енергија и даваат стимулации за поставување станици за полнење во куќи и компании. Покрај тоа, хотелите, рестораните и трговските центри нудат места за бесплатно паркирање со полнење за своите клиенти.

Понатаму за помалку. 

Во исто време, електричните возила имаат се поголем опсег со едно полнење, така што новите градски електрични автомобили имаат домет до 350 километри. Приближно 100 км возење со електричен автомобил ве чини околу 1 евро, се разбира во зависност од земјата.

Набавка со субвенции, понизок данок. 

Целта е масовно ширење на електричната мобилност со пристапни цени за електричните автомобили. Сепак, електричните возила се уште се поскапи од оние опремени со SUS мотор, па затоа клучна е директната поддршка за нивно купување, од 3.000 до 5.000 евра. Покрај тоа, постојат различни даночни олеснувања во поседувањето и управувањето со електричен автомобил.