Групацијата Volkswagen размислува да продаде дел од Porsche
Пуштањето акции на берзата ќе ја зголеми вредноста на производителот на спортски автомобили
Раководството на групацијата Volkswagen размислува да пушти во опток акции на берзата од Porsche, со што ќе ја зголеми вредноста на производителот на спортски автомобили. Веста е објавена од германското издание Manager Magazine, повикувајќи се на свои извори.
Според информациите, челниците на групацијата VW веќе имале состанок со финансиски експерти, кои ги истражувале можностите за јавна понуда на акциите на Porsche и одвојувањето на компанијата во посебна компанија. Приходите од продажбата ќе бидат наменети за нови инвестиции.
Излегувањето на Porsche на берзата на акции може да се случи во 2022 година, но Volkswagen ќе го задржи својот мнозински удел во компанијата со седиште во Штутгарт. Сепак, разговорите и анализите продолжуваат и не е сигурно дека намерите на концернот ќе бидат реализирани.
Очекувањата се дека евентуалното самостојно излегување на Porsche на берзата и продажбата на акции на компанијата ќе ја зголеми пазарната вредноста на компанијата од сегашните 20 милијарди евра на 25 милијарди евра.