Постојат дури сигнали дека може да се донесе уредба според која возачот во иднина ќе мора да има две заштитни маски во својот автомобил како дел од задолжителната опрема.

Во Германија борбата против коронавирусот се води дури и во автомобилите. Покрај главниот град Берлин, кој официјално се води како федерална покраина, сега и друга федерална единица воведе обврска за носење заштитни маски во автомобилите кога во нив се луѓе од различни домаќинства. Тоа е федералната држава Саксонија. Се чини дека овој тренд ќе продолжи.

Министерството за транспорт дури испраќа сигнали дека може да се донесе правилник според кој возачот ќе мора да има две заштитни маски во својот автомобил како дел од задолжителната опрема (како и комплет за прва помош, на пример) дури и по крајот на пандемијата. Многумина сметаат дека ова е претерување.