Можеби ви е познато, можеби не, но автомобилите со текот на годините ја губат својата моќ, најмногу поради неправилно одржување, но и поради замор на материјалот

Ова тврдење е поткрепено со примерот на 20-години старо BMW E36 M3.

Не е никакво изненадување што моторот на автомобилот ја губи својата моќ со текот на времето, особено оваа разлика во моќта ќе биде поголема ако автомобилот не се одржува правилно. Некои од најчестите причини за губење на моќта се: воздух, гориво, компресија и палење. Овој пат демонстрацијата е само со фокус на оваа загуба на моќност на моторот. Тимот од Car Throttle направил тест и снимил видео кое открива колку „коњи“ има всушност 20-годишен автомобил, за разлика од тоа колку имал кога излегол нов од фабрика.

За тестирање е земен BMW E36 M3, кој бил тестиран „на ваљаци“, а потоа бил изнесен на улица за да се провери ситуацијата во пракса. Иако тест-моделот е во многу добро состојба, загубите во моќноста сепак се видливи. Ова возило кога било произведено имало 317 „коњи“, за сега по 20 години да има само 279 „коњи“.

По пробното возење и проверка на забрзувањето од 0-60 mph (што е околу 96 km/h), откриено е дека во согласност со загубата на моќност се намалило и забрзувањето, така што најдоброто време е 5,96 секунди, додека декларираното забрзувањето до „сто“ некогаш било 5,5 секунди.

Намерно се користи терминот „деклариран“, бидејќи не е тајна дека производителите во своите спецификации ставаат „нереални“ бројки што може да се постигнат само во посебни услови во кои се тестираат.

Како и да, интересен материјал кој вреди да се погледне!