Новиот Mercedes C-класа дебитира на 23 февруари, откиени деталите за внатрешноста / ВИДЕО
Новата генерација на бестселерот на Mercedes ќе голем централен екран
До премиерата на новата C-класа остануваат уште околу десет дена, а некои европски новинари веќе имале можност да го тестираат пред-продукцискиот автомобил
Предпремиерно се објавени две видеа кои откриваат детали за новиот модел, а се објавени на YouTube каналите Mr.Benz и MercBenzKing.
Иако тест-автомобилот е делумно камуфлиран, со цел да се прикријат некои детали за премиерата, на снимките може да се насети изгледот на LED фаровите и стоп светлата, а најголемите промени во дизајнот се присутни во патничкиот салон.
Контролната табла е целосно дигитализирана, а вниманието го привлекува големиот централен екран на мултимедијалниот систем, сличен на оној на новата S-класа.