Alfa Romeo Giulia освои уште една престижна награда откако моделот е прогласен за најдобар автомобил за 2021 година во изборот на списанието „Аuto motor und sport“

Читателите на магазинот по четврти пат во последните пет години го изгласаа италијанскиот спортски седан за победник во категоријата возила од увоз во средната класа.

Со 22 проценти од гласовите, Alfa Romeo Giulia ги надминала 14-те конкуренти, а Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo Stelvio, второ и трето место во своите категории, го комплетираат успехот на марката Alfa Romeo во доделувањето на наградата за најдобар автомобил во 2021 година.

Четвртата победа на Alfa Romeo Giulia во последните пет години на доделувањето на наградите од германскиот магазин само покажува колку е непоколеблив ентузијазмот кај германските автомобилски фанови. Ова може да се види не само од победата на моделот Giulia, туку и од врвната позиција на моделите Stelvio и Giulietta во нивните категории, велат од италијанскиот бренд.

Инаку во во 45-то издание на Изборот наречен „Најдобри автомобили“ организиран од германскиот автомобилскиот магазин учествувале повеќе од 101.000 читатели

Тие биле во можност да изберат од 387 модели поделени во 11 категории, вклучително и специјални награди за увезени возила.