Formula 1 сака 26 трки во 2021 година за да ја тестира можноста за спринт трки
Организаторите на шампионатот сакаат да го прошират овогодинешниот календар
Откако Liberty Media го презеде шампионатот, јасна е намерата трките да се направат попривлечни. Направени се некои промени, но тие дадоа мал успех. Во 2021 година, Liberty Media сака да направи уште поголеми промени и да додаде 3 спринт викенди.
Според сајтот Racefans.net, Formula 1 има намера да додаде уште 3 тркачки викенди на тековниот календар, кој веќе има 23 трки. Тоа значи дека во тој случај би имало 26 трки, а во план се додадавање на патеките во Канада, Италија (Монца) и Бразил. Секако тие трки би биле засебни тркачки викенди.
Исто така, се наведува дека идејата е за овој формат на виденди квалификациите да се одржат во петок, пред спринт трките кои би биле на програма во сабота. Резултатите од спринт трката ќе го формираат распоредот за главната трка во недела. Овој предлог треба да биде разгледан од F1 комисијата во четврток, со цел да се утврдат системот за бодување и дополнителните правила.