По половина година напнатост и шпекулации и само месец и половина пред почетокот на новата сезона, F1 шампионот и челниците на Mercedes, конечно потпишаа договор со најголемата ѕвезда на патеките Луис Хамилтон

Од почетокот на годината, седумкратниот светски шампион беше без договор за 2021 година, но во понеделникот и официјално ја продолжи соработката. Секако, со новиот договор Хамилтон само ја зголеми предноста на ранг-листата на возачи со најголема плата во Formula 1.

Еве колку пари ќе добијат десетте најплатени „пилоти“ во најбрзиот циркус на четири тркала во 2021 година:

  1. Луис Хамилтон – Mercedes – 40 милиони фунти
  2. Макс Ферстапен – Red Bull – 18,2 милиони фунти
  3. Шарл Леклерк – Ferrari – 10,2 милиони фунти
  4. Даниел Рикардо – McLaren – 10,2 милиони фунти
  5. Себастијан Фетел – Aston Martin – 7,3 милиони фунти
  6. Карлос Саинц – Ferrari – 7,2 милиони фунти
  7. Фернандо Алонсо – Alpine – 6,6 милиони фунти
  8. Валтери Ботас – Mercedes – 5,8 милиони фунти
  9. Серхио Перез – Red Bull – 4,4 милиони фунти
  10. Кими Раиконен – ​​Alfa Romeo – 3,6 милиони фунти