Сталоне има ново домашно лимено милениче

Исто како и неговиот добар пријател Арнолд Шварценегер, Силвестер Сталоне обожава моќни автомобили, а луксузот не му е непознат. И додека Арни, уште како гувернер, „се освести“ и тргна по „позелена“ патека, популарниот Слај е на сосема спротивна страна.

Изборот паднал на Corvette C8, новата генерација на легендарниот американски спортски автомобил за кој се формирани долги листи на чекање веднаш по почетокот на продажбата. Затоа не е изненадувачки што слободните примероци преку посебни канали се транспортираат до среќниците низ целата земја. Така, Слај, веројатно благодарение на неговото име, успеал да го добие својот примерок кој му бил донесен на Флорида од салонот во градот Мурфризборо во државата Тенеси.

Тамошниот салон не го крие своето задоволство што „Роки“ или „Рамбо“ станал нивен клиент. 

„Ние сме исклучително горди и почестени да кажеме дека Силвестер Сталоне е наш клиент. Му продадовме нова C8 Corvette! Овде сопственикот Бо Триевт и неговата сопруга Џенифер му го врачуваат овој прекрасен автомобил! Ви благодариме за купувањето, Слај!”