Сè уште не е јасно кога ќе започне производството на хиперавтомобилот

Шанси да се види Mercedes-AMG Project ONE во акција нема многу, па затоа и не треба да се пропушти оваа прилика.

Станува збор за видео кое трае само 43 секунди, а во кое автомобилот е во веќе познати бои на каросеријата, видени на крајот од минатата година. Тогаш зад воланот на Project ONE беше седум-кратниот светски шампион во Formula 1 – Луис Хамилон, кој не потоа не штедеше суперлативи на адреса на хиперавтомобилот.

Mercedes-AMG Project ONE се придвижува со истиот 1.6 литарски V6 со кој Mercedes-AMG и самиот Хамилтон освоија шест светски титули. Моторот ротира до 1.000 вртежи во минута, развивајќи моќност од над 1.000 КС и максимална брзина од 350 km/h. Сето ова се постигнува со помош на дополнителни електрoмотори, како во болидот кој се користи во Formula 1.

https://youtu.be/nJGWz5TN6eY

Првично, хиперавтомобилот на Mercedes-AMG требаше да дебитира во средината на 2020 година, но тоа се одложи и сè уште е нејасно кога тоа ќе се случи. Како и да е, компанијата веќе ги има продадено сите предвидени 250 примероци и покрај сериозната цена од 2,5 милиони долари по единица.