Експертите предвидуваат огромен раст на продажбата за Tesla оваа година
Зад Tesla e една многу успешна година, но според првите прогнози, оваа година ќе биде убедливо најуспешна досега
Експертите од Refinitiv сметаат дека Tesla оваа година може да продаде помеѓу 750 и 850 илјади автомобили, што е далеку повеќе од речиси половина милион испорачани возила во текот на 2020 година, за што првиот човек на американската марка веќе зборуваше по презентацијата на резултатите од продажбата по минатогодишниот трет квартал.
На прашањето на агенцијата Reuters дали Tesla може да испорача меѓу 840.000 и милион автомобили, Илон Маск даде потврден одговор, истакнувајќи дека целта е да се зголеми годишната продажба во иднина, и дека особено добри резултати се очекуваат во 2021 година.
Слични проценки доаѓаат и од други аналитичари. Во JP Morgan веруваат дека американскиот производител на електрични автомобили годинава ќе продаде околу 765.000 возила, додека Credit Suisse е пооптимист и проценува дека Tesla ќе испорача дури 853.000 возила во 2021 година.
Во 2020 година, акциите на Tesla ја зголемија вредноста за вртоглави 743%, што ја направи оваа марка највредниот производител на автомобили во светот.
Да потсетиме, американската марка деновиве го претстави освежениот Model S, како и Model X. Се очекува дека рестилизацијата ќе ја зголеми продажбата на овие два автомобили, додека резултатите од последниот квартал од минатата година покажуваат огромна побарувачка за Model Y. Ако на ова треба се додадат и резултатите од продажбата на Model 3, јасно е дека проценките на аналитичарите се доста реални.