Дали е ова изгледот на електричниот BMW iX M?
Спортската верзија на кросоверот се очекува да добие 650 коњски сили
Досега, од BMW нема ниту збор за можната М верзија на нивниот целосно електричен кросовер iX, кој ќе дебитира оваа година. Сепак, компанијата веќе го тестираше i4 во М верзија, што значи дека во гмата на брендот ќе има и електрични автомобили доработени од М одделот.
Во меѓувреме независниот дизајнер X-Tomi Design ја покажа својата визија за тоа како ќе изгледа идниот BMW iX M. За своите визуелизации, уметникот ја користел верзијата iX M Sport, бидејќи предниот браник е во стилот на М моделите на марката, тркалата се со зголемен дијаметар. а црните куќишта на ретровизорите и рамката на решетката му даваат дополнителен спортски стил.
Како што е познато, стандардниот iX ќе добие батерија со капацитет од 100 kW/h и електромотор со вкупна моќност од 496 КС. Автономијата со едно полнење ќе биде околу 600 километри, а забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе трае 5 секунди. Верзијата IX M се очекува да биде околу една секунда побрза.
За споредба, кросоверот BMW X5 M со овој предизвик се справува за 3,9 секунди, што значи дека ако iX M го постигне истото време, моќноста на неговиот погонски уред би требало да биде околу 650 КС.