Одлична концепт камп приколка од Toyota
По претставувањето на GR Supra Sport Top моделот со покрив кој може да се отстрани, Tоyota претстави нешто интересно и за љубителите на кампувањето
Toyota TRD Sport Trailer е приколка која можете да ја прикачите на стандарден автомобил или теренец. Станува збор за креативно решение за „базен камп“ кој може да се „подигне“ од самата приколка. Во приколката има шатор за четири лица со држачи за тенда. Останатите погодности вклучуваат обичен тоалет, корпа за отпадоци, фрижидер, грејач за топла вода, завеса за туширање, генератор на струја, батерија Optima Iellov Top, резервоар за слатка вода од 16 литри, резервоар за отпадни води од 15 литри и шпорет. Целиот пакет е поставен на TRD Pro фелни обмотани во гуми General Grabber X3 285/70/17.
Оваа приколка е создадена првенствено за авантуристи кои сакаат да поминуваат време во природа. Лесна е за одржување, составување и расклопување и веруваме дека сите љубители на природата ќе уживаат.