Chiron Tourbillon доаѓа во ограничено издание од 250 единици

Bugatti повторно соработува со луксузниот производител на часовници Jacob & Co. за производство на ново ограничено издание на својот ексклузивен часовник Chiron Tourbillon.

Деловите на часовникот се инспирирани, нормално, од хиперавтомобилот Chiron. Во својот дизајн, тој има функционално коленесто вратило и клипови, одлично имитирајќи го иконскиот 16-цилиндерски мотор на Bugatti.

Механизмот е опкружен со пар турбокомпресори кои ротираат и го прават часовникот уште поатрактивем. Целата погонска единица ја држат 4 амортизери инспирирани од Chiron. Механизмот се состои од вкупно 578 делови, што го прави неговото производство многу сложено.

Ќе бидат понудени четири ограничени серии Chiron Tourbillon, од кои едната ќе има и верзија во боја. Изгледот може да биде розово злато, розово злато со дијаманти, бело злато и сафирен кристал во сина боја.

Од верзијата со 18-каратно розово злато, ќе бидат изработени 72 парчиња, а од верзијата со розово злато и дијамант – 52 парчиња. Двете верзии имаат црно каучук ременче со тока за закачување од 18-каратно розово злато. Верзијата од бело злато има 391 црно-бели дијаманти или каучук ремен со тока за закачување од 18-каратно бело-злато со 18 бели дијаманти.

Во однос на цената, обичниот Chiron Tourbillon ќе чини 280.000 американски долари, а другите опции ќе бидат поскапи. Планирано е да се произведат 250 парчиња од овој ексклузивен часовник.