AFV, REX, PHEV, BEV… Дали знаете што значат кратенките кои одат со новите автомобили?!
На патиштата има многу нови видови автомобили, а со нив доаѓа и терминологија, прилагодена на технолошкиот напредок
Новите времиња носат нови обичаи, а тоа се кратенки што одат заедно со денешните автомобили или процедури за мерење на потрошувачката на гориво. Погледнете што навистина се крие зад нив.
AFVs Alternative Fuel Vehicles – возила кои не се придвижуваат со бензински или дизел мотори
BEV Battery Electric Vehicle – возило на чисто електричен погон
EV Electric Vehicle – сите електрични возила (вклучително и возила со водородни ќелии)
HEV Hybrid Electric Vehicle – хибридно возило или комбинација на електричен и бензински или дизел мотор
ICE Internal Combustion Engine – автомобили со мотори со внатрешно согорување
MHEV Mild Hybrid Electric Vehicle – возила со мотор со внатрешно согорување и „благ“ хибриден систем, односно електричен генератор. Овие возила, за разлика од HEV, не можат да возат само со електричен погон во кое било време
NEDC New European Drive Cycle – тест за утврдување на штетни емисии и потрошувачка на гориво
PEV Plug-in Electric Vehicle – BEV и PHEV заедно
PHEV Plug-in Hybrid Electric Vehicle – хибридно возило во кое батеријата може да се полни со надворешен приклучок. Овие возила генерално имаат опсег од околу 50 км само на електрична енергија
REX Range Extender – кога батеријата на електричниот автомобил ќе се испразни, некои возила како постарата генерација BMW i3 имаат и мал бензински мотор кој доаѓа на помош и го вклучува електричниот мотор. Тоа е таканаречен продолжувач на опсег или, најпросто, проширувач на опсег.
WLTP Worldwide Harmonised Light Vehicle Test Procedure – нов систем за мерење на потрошувачката на гориво и штетните емисии, а кој го менува NEDC.