Графичкиот дизајнер, Дејан Христов, создал своја верзија на Ferrari суперавтомобил

Црпејќи инспирација од култниот Ferrari Testarossа, чие име значи Црвена глава, ова таканаречено CascoRosso буквално се преведува како Црвенa кацига. Сепак, за разлика од Testarossa, ова е неофицијален приказ, а не вистински концепт на Ferrari.

CascoRosso е дизајн на македонскиот дизајнер Дејан Христов, кој јасно смета дека идниот суперавтомобил на Ferrari може да изгледа подобро со малку „грубост“ во неговиот дизајн.

Судејќи според стилот, може да се каже дека станува збор за машинерија што содржи мотор на предната оска, иако дизајнерот не објаснува каква би била единицата и каде би се наоѓала. Исто така, има многу интересни аеродинамички елементи, како што се крилата на калниците, отворите за вентилација, суптилните кровни „лажички“ и активното задно крило.

Забележливо е дека вратите немаат видливи рачки и веројатно би се отворале како кај моделот Pagani Huayra. Целокупната естетика на задниот дел е многу агресивна, но стилот лесно се препознава како „типично Ferrari“. Како и да е, предниот дел е поуниверзален, до степен до кој може да ставите некое друго лого и да мислите дека станува збор за некое друго возило.

Овој автомобил во моментов е само визија на овој креативен дизајнер, а компанијата Ferrari не планира да направи ваков модел.