Извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис, очекува возилата со автоматско управување да бидат подготвени за продажба во периодот од 2025 до 2030 година.

Херберт Дис го наведува подобрувањето на перформансите на компјутерските чипови потребни за самовозечките автомобили, како и вештачката интелигенција која го забрзува целиот процес.

„Можеме да предвидиме дека овие возила наскоро ќе можат да се користат и дека ќе можат да се справат дури и во сложени ситуации за време на возењето“, вели Дис во интервју за неделникот Виртшафтсвош.

Инаку, Дис се приклучи на Volkswagen во 2015 година од BMW и му помогна на најголемиот германски производител на автомобили да го надмине скандалот со дизелот од истата година, со тоа што направи план за инвестиции вреден 73 милијарди евра.