Маркес ja пропушти целата сезона, бидејќи по скршеницата на раката здобиена на првата трка од сезоната во Херез, мораше да помине и сеуште минува низ долга рехабилитација

Тој имаше тројна операција и сосема е логично што е претпазлив кога станува збор за враќање на патеките. Последната, трета операција, беше извршена во четвртокот.

„Марк Маркес помина низ трета операција на десната рака како резултат на лошото заздравување на коската“, се вели во соопштението од тимот на Repsol Honda.

Постапката била извршена во Мадрид, траела цели осум часа, а Маркес подоцна зборуваше за своите планови за во иднина.

„Ќе видиме што ќе се случи. Засега, можам само да чекам целосно да се консолидира ситуацијата со раката. Се надевам дека ќе бидам подготвен за почетокот на следната сезона. Сепак, постои само една работа со сигурност, нема да се вратам на патеките се додека не бидам 100 процентен подготвен да се тркам“, вели Маркес.

Тој ја пофали Жоан Мир за одличната сезона која заврши со освојување на титулата.

„Жоан беше постојан и ја заслужи титулата. Во MotoGP најважно е да се биде постојан, а тој успеа во тоа. Не мораше да прави никакви спектакуларни работи. Покажа храброст и ги победи оние кои важеа за фаворити“, вели шпанскиот мотоциклист.