Крај за Volkswagen Motorsport
Германскиот Volkswagen ги здружува силите заради трансформацијата во мобилната електрична ера
Како дел од промените и понатамошниот фокус на компанијата, брендот Volkswagen го затвора поглавјето за мотоспорт. Работната сила запосчена во Volkswagen Motorsport GmbH ќе биде интегрирана во Volkswagen AG.
„Марката Volkswagen е на пат да стане водечки снабдувач на одржлива електромобилност. За таа цел, ние ги здружуваме силите и решивме да ги прекинеме сопствените активности во мотоспортот за брендот Volkswagen. Работната сила на одделот ќе се интегрира во Volkswagen AG. Длабинската техничка стручност на вработените ќе остане во компанијата и ќе ни помогне понатамошниот развој на ефикасен ID“, вели д-р Френк Велш, член на Одборот за развој на брендот Volkswagen.
„Тимот на Volkswagen Motorsport GmbH постигна значителен спортски успех за брендот во текот на децениите. Искрено им се заблагодарувам на сите вработени за бројните победи, титули и рекорди ширум светот и нивната лична посветеност”, вели Вилфрид фон Рат, член на Управниот одбор на Volkswagen, како признание за вработените и додава: „Воодушевени сме што можеме да ги сочуваме работните места, особено во овие тешки времиња. Договор за трансфер ќе им понудиме на сите вработени“.
Volkswagen Motorsport GmbH во Хановер вработува 169 лица кои ќе бидат интегрирани во Volkswagen AG во Волфсбург во текот на следните месеци.
Снабдувањето со резервни делови за Polo GTI R5 и Golf GTI TCR за кружни патеки ќе биде долгорочно осигурано. Производството на спортскиот автомобил Polo GTI R5 за рели спортови завршува на крајот од 2020 година.