Новиот Golf R е поскап од Mercedes-AMG A35, Audi S3 и BMW M135i
Volkswagen ја објави цената за најмоќната верзија на Golf 8 за британскиот пазар
Германскиот производител започнал да прифаќа нарачки за новиот Golf R, кој во Британија се продава по почетна цена од 39.270 фунти.
Со цената, хечбекот со високи перформанси на Volkswagen на Островот е поскап од премиум конкуренцијата од „германската тројка“. Имено, почетната цена на Mercedes-AMG A35 е 38.825 фунти, на Audi S3 Sportback е 38.475 фунти, а на BMW M135i – 37.685 фунти.
Колку за потсетување, новиот Golf R користи 2.0 турбо-бензинец со 320 КС и 420 Nm, а автомобилот забрзува од место до 100 km/h за 4,7 секунди. За споредба, Mercedes-AMG A35 располага со 2.0 турбо бензинец со 306 КС и 400 Nm, а од 0-100 km/h стигнува за 4,7 секунди.
Од друга страна, Audi A3 под хаубата има 2.0 турбо-бензинец со 310 КС и 400 Nm максимален вртежен момент, додека забрзувањето до 100 km/h е 4,8 секунди.
Третиот, BMW M135i, исто така, користи 2.0-литарски бензински мотор со турбо полнач. Оваа единица испорачува 306 коњски сили и 450 Nm, а автомобилот до стотка стигнува за 4,8 секунди.