Електричниот хечбек на Volkswagen е убедливо најпопуларниот автомобил во оваа скандинавска земја за месец октомври

Нов продажен успех за ID.3, бидејќи по титулата најпродаван EV-модел во Европа за октомври, како и најпродаван автомобил во Холандија, тој стигна до истата титула и во Норвешка. Но, како и многу пати претходно, треба да се има предвид дека станува збор за натрупани нарачки кои Volkswagen ќе ги испорача до крајот на оваа година, така што реалната состојба на побарувачката за овој модел ќе биде позната дури на почетокот од следната година.

Во Норвешка, во октомври биле продадени 12.948 нови автомобили. Од тоа, дури 60% од возилата припаѓале на EV сегментот. Ништо ново за оваа скандинавска земја, каде традиционалните SUS модели се малцинство од месец во месец.

Доволен е само еден поглед на списокот на најпродавани модели во Норвешка за да се разбере колку навистина се популарни електричните автомобили на северот од Европа. Значи, најголемиот број регистрации во текот на октомври има Volkswagen ID.3 (2.475), поради што е убедлив лидер на листата најпродавани. На второто место е Toyota RAV4 со продадени 706 примероци, додека на третото е уште еден електричен модел, MG ZS (586).

Список на 10 најпродавани автомобили во Норвешка во октомври:

Ранкинг
Октомври 2020
Модел Продажба
Октомври 2020
Продажба
Јануари – Октомври 2020
Ранкинг
2020
1. VOLKSWAGEN ID.3 2.475 4.465 3.
2. Toyota RAV4 706 2.937 8.
3. MG ZS 586 2.718 10.
4. Nissan Leaf 579 3.972 5.
5. Hyundai Kona 520 4.304 4.
6. Audi e-tron 513 8.203 1.
7. BMW i3 373 2.257 11.
8. Polestar 2 352 1.805 18.
9. Toyota Yaris 337 1.732 19.
10. Mercedes-Benz EQC 332 2.755 9.

Кога станува збор за продажбата по брендови, најпопуларен во октомври бил Volkswagen, повторно благодарение на успехот на ID.3. Во текот на десеттиот месец од 2020 година, германската марка во Норвешка продала 2.889 возила. Следува Toyota со 1.576 автомобили, додека на третото место е BMW со 734 испорачани возила.

Список на 10-те најпродавани брендови во Норвешка во октомври:

Ранкинг
Октомври 2020
Бренд Продажба
Октомври 2020
Продажба
Јануари – Октомври 2020
Ранкинг
2020
1. VOLKSWAGEN 2.889 15.061 1.
2. Toyota 1.576 9.747 2.
3. BMW 734 6.824 4.
4. Hyundai 703 6.567 6.
5. Mercedes-Benz 654 6.226 7.
6. Nissan 639 4.752 9.
7. Volvo 600 6.669 5.
8. Audi 587 9.109 3.
9. MG 586 2.718 15.
10. Peugeot 544 4.747 10.