Обновениот теренец доаѓа со некои технолошки подобрувања, но и единствено со хибриден погон

Внатрешноста на автомобилот претрпела најголем број измени, особено на централната конзола, вратите и контролната табла, каде што е направена сребрена завршница, а моделот EX ќе има и безжична станица за полнење на паметните телефони.

Во внатрешноста на ажурираната верзија за Европа се појавува копче за контрола на трансмисијата, кое ја заменува рачката. Преконфигурирана е и суспензијата на кросоверот.

Надворешните промени се посуптилни и вклучуваат тркала од 18 инчи, затемнети прозорци, сино лого на Honda и најновата ознака e:HEV.

Јапонците ја менуваат стратегијата за Европа, само електрифицирани автомобили во понудата, па исто како што тоа беше случај со новиот Jazz, ажурираниот CR-V на стариот континет доаѓа само во хибридно издание – 2.0-литарски 4-цилиндерски бензинец кој развива 143 КС и два електромотори со мала батерија.

Електричните мотори испорачуваат вртежен момент до 315 Nm, а при ниски брзини CR-V може да користи само електричен погон. Исто така, подобрен е и управувачкиот систем, што го прави автомобилот подобар за управување со помали брзини.