Време е за нова генерација на Renault Kangoo / ФОТО
Францускиот бренд ја претстави новата палета на Kangoo модели
Новиот Kangoo доаѓа во четири варијанти, со пократка и подолга верзија односно Kangoo, Kangoo Van, Express и Express Van. На европскиот пазар ќе се продаваат само првите три верзии, додека последната e предвидена за други пазари.
Новитетот доаѓа со значително променет изглед но не и во согласност со изгледот на остатокот од гамата на Renault, да речеме дури и далеку помалку привлечен во споредба со остатокот од портфолиото на француската марка. Хоризонтално ориентирани светлосни групи, со големи отвори за воздух, голема решетка со „хромирани“ детали…
Што се однесува до ентериерот, Renault наведува дека направил посебен напор за да го подигне нивото на завршна обработка, што не било секогаш случај со моделот Kangoo. Интересно е што во салонот нема целосна дигитализација. На централната конзола има еден екран за контрола на инфо-забавниот систем, но пред возачот се наоѓа традиционална аналогна табла со инструменти со LED дисплеј во средишниот дел.
Нов е воланот со три крака, а како што е наведено во соопштението од компанијата, количината на простор за складирање на мали предмети во салонот е најдобра во овој сегмент.
Кога станува збор за технологијата, од Renault кратко велат дека новата генерација на Kangoo поседува Easy Link инфо-забавен систем, AEB систем, камера за возење наназад која служи и како дигитален ретровизор.
Renault не објави детали за понудата на SUS мотори, но сигурно е дека поради природата на ова возило ќе може да се смета и на дизел мотори. Она што веќе е потврдено е дека ќе бидат понудени и целосно електрични верзии.
Новиот Kangoo во европските салони ќе пристигне во мај следната година.