BMW има нов предводник кога станува збор за технологија 

Таа улога во гамата на Баварците гордо ја презема BMW iX, новиот чисто електричен SUV, кој дизајнерот го опишува како „зора на новата ера“ за брендот од Минхен. Новината е сè уште во фаза на развој, иако во терминална фаза, така што во продажба нема да влезе се до пред крајот на 2021 година, ако им се верува на најавите, односно ако не се случи нешто непланирано.

Баварскиот новитет во основа е сериската изведба на концептниот автомобил iNext, кој беше прикажан на јавноста за прв пат во текот на 2018 година. BMW iX е исто така првиот модел на марката заснован на целосно нова модуларна архитектура која исто така ќе служи како основа за идните батериски модели во гамата на производителот.

Софистициран софтвер со високо способен хардвер, со стандардна 5G компатибилност, му овозможил на производителот да ги интегрира најсовремените достапни системи за автономно возење, како на пример систем за самостојно паркирање.

Погон

Новиот iX станува пионер во однос на имплементација на петтата генерација на електрични мотори од BMW, оние со етикета eDrive. Тие се покомпактни и нудат поголема моќност од единицата на пример во i3. Пакетот батерии со моќност од 100 kWh се наоѓа под подот на патничката кабина, а од неа со енергија се напојуваат два електромотори.

Секоја оска има свој мотор, а заедно испорачуваат над 500 коњски сили. Баварците велат до стотка забрзува за помалку од пет секунди. 

Уште поважно е тоа што BMW iX нуди 600 километри автономија според протоколот WLTP, додека според стандардите на американскиот, построгиот EPA циклус, нешто помалку од 500 километри без полнење на батериите. Тоа е повеќе од 150 милји подобро од она што го нуди неодамна лансираниот iX3. Можеби уште поважно, BMW тврди дека батеријата на брз полнач од 200 kW може да се наполни до 80% капацитет, за нешто помалку од 45 минути.

Како и да е, нормален полнач од 11kW може да се инсталира во домот на сопственикот на кој ќе му требаат 11 часа работа, со цел да ги доведе батериите до максимум (од нула се разбира). Германците се алат и дека целата енергија што се користи за производство на батерии за iX потекнувала од обновливи извори. Ајде да им веруваме

Платформата на која е поставен iX е изработена од рамка обложена со алуминиум, чие јадро е изработено од пластика зајакната со јаглеродни влакна. Шасијата е развиена за електрични возила и е наменета да овозможи инсталирање на системи за автономно возење.

„Ние сме тие што ги поставуваме стандардите во индустријата. Зборувам за технолошките решенија применети на кросоверот BMW iX “, вели Френк Вебер, член на управниот одбор на BMW, задолжен за развој на возила. „IX има повеќе проток на податоци и помоќна технологија на сензори од сите најнови возила во нашиот сегашен опсег. А сето тоа е резултат на компатибилноста со барањата на мрежата 5G, така што ќе биде можно да се инсталираат напредни системи за асистенција (автономно возење), како и самостојно паркирање “.

Дизајн и технологија

Од димензиите, засега е познато само меѓуоскиното растојание – на ниво од 3.000 милиметри. Од она што претходно се шпекулираше е дека овој кросовер ќе биде долг колку X5, висок колку кросоверот X6. Димензиите на тркалата ќе бидат најблиску до кросоверот со најголеми ноздри, моделот X7.

Последната интерпретација на познатите бубрези на BMW е јасно видливо и многу впечатливо во муцката на моделот, но самата решетка е отстранета од маската за да се нагласи дека iX е чисто електрично возило. На таа компонента е монтирана и камера, како и радар и сет на сензори кои се неопходни во контекст на автономното возење.

Маската е обложена со полиуретан со цел автоматски да ги поправи помалите гребнатини и другите оштетувања предизвикани од секојдневната употреба.

Предните светлосни групи се во LED технологија, а BMW никогаш не инсталирал потенки фарови од овие во ова возилот. Рачките на вратите се многу луксузни, а исто така и уникатни во историјата на BMW. Тие претставуваат ексклузивен аеродинамичен детал што придонесува автономијата на возилото да биде 65 километри подарежлива отколку што би било кога би биле применети конвенционални решенија.

Патнички салон

Внатрешноста на атрактивниот новитет носи можност за превоз до пет лица. Тука е и електрохроматскиот панорамски стаклен отвор кој според Баварците го прилагодува преносот на светлосниот зрак во зависност од степенот на изложеност на сонце.

Бидејќи iX е развиен од самиот почеток како чисто електрично возило, нема централен тунел наменет за менувачот, така што се ослободува простор во центарот на возилото, што придонесува за повисоко ниво на удобност на патниците, и на предната и на задната клупа.

Пред возачот комплет од дигитални екрани. Првиот од комплетот е со дијагонала од 14,9 инчи и се однесува на инструмент таблата, а вториот со дијагонала од 12,3 и е наменет за поставките на инфо-забавниот систем. Поставен е на врвот од таблата и користи врвен оперативен систем. Мултимедијалниот систем се контролира и со говорни команди, но и со движења на рацете.

Октагоналниот волан, како и шик „лостот“ на менувачот се уште двајца пионерски потфати на новитетот.

За користените материјали во салонот, за деталите и нема потреба да коментираме. Првокласноста и лукузот се на највисоко ниво.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”194K-vM5Axki_aekRlbDzpyHC_p_BoB81″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]