Продажбата на варијантата GR Sport ќе започне следната година

Семејството Toyota C-HR, за моделната 2021 година, добива нова верзија – GR Sport. Новата варијанта ќе се разликува од стандардниот модел во однос на ентериерот и екстериерот, а добила и доработена суспензија и подобрена динамика.

Варијантата C-HR GR Sport добила мноштво од црни акценти, затемнета решетка, поагресивен преден сплитер, 19-инчни тркала (225/45 Continental Premium Contact 6 е врв во понудата) како и низа од девет ексклузивни двобојни комбинации за каросеријата вклучувајќи и една единствена за овој модел – сива боја за каросеријата Dynamic со црн кров.

Новите прагови и логото GR се она што секако се издвојува во салонот. Седиштата се покриени со комбинација на алкантара и кожа (или ткаенина) со црвени и сиви шавови. Истата декорација доаѓа и на воланот и рачката од менувачот. TFT дисплејот е исто така нов, а премиум аудио системот JBL е достапен и за оваа верзија на кросоверот.

Во опремата за моделот влегуваат и предни седишта со греење и електрично управување, автоматски надворешни ретровизори, затемнето задно стакло, LED светла…

Кросоверот C-HR GR Sport ја добил и најновата верзија на системот Toyota Safety Sense, низа од активни безбедносни технологии насочени кон спречување или ублажување на судири во голем број сообраќајни ситуации. Неколку нови функции се додадени кон системот за предупредување за судир (Pre-Collision System – PCS), а тука спаѓаат завртување на управувачот во вонредна состојба (Emergency Steering Assist – ESA) поврзан со откривање на пешаци дење и системот за помош на при вртење на раскрсница (Intersection Turn Assistance).

Дополнителни нови системи кои ја подобруваат помошта за возачот и безбедноста вклучуваат адаптивно управување прилагодлив темпомат со целосен опсег (Full Range Adaptive Cruise Control – ACC), комбинација на читање сообраќајни знаци (Road Sign Assist) со интелигентен прилагодлив темпомат (Intelligent Adaptive Cruise Control) кој овозможува лесно прилагодување на брзината на возење со пропишаното ограничување на брзината од сообраќајните знаци.

Новата верзија на моделот треба да биде достапна за дилерите на брендот на почетокот од 2021 година, кога ќе бидат познати и цените.