Доаѓа редизајниран Tesla Cybertruck?!
Потврдата доаѓа од првиот човек на Tesla на Twitter
Иако така звучи, не треба да се очекува дека Tesla значително ќе отстапи од необичниот дизајн на пикап моделот. Може да се очекуваат визуелни и естетски промени, но тие веројатно ќе бидат повеќе суптилни, отколку очигледни. Она на што мораше да работи американската марка е пред се големината на самото возило.
Во изминатите неколку месеци имаше многу критики кон Tesla дека Cybertruck е преголем и дека помало возило исто така би ги исполнувало повеќето од барањата на овој тип клиенти, а воедно и би било полесно да се маневрира во урбаните области.
Tesla веќе потврди дека ќе има промени кога станува збор за големината на самиот автомобил. Сериското издание на Cybertruck ќе биде пократко за 152 mm и потесно за 25 mm. Барем така беа првите најави од компанијата. Но, типично за Tesla, подоцна се појавија и спротивни изјави, па затоа е невозможно да се биде сигурен и да се предвиди што навистина ќе презентираат Американците.
Како и да е, Илон Маск на неговата омилена социјална мрежа Twitter објави дека премиерата на редизајнираниот или модифициран Cybertruck ќе се случи за околу еден месец. Што значи ова и како ќе изгледа новата презентација на надградениот Cybertruck, останува да видиме.
Воедно Илон Маск повеќе пати ја повтори идејата за пикап камионет со покомпактни димензии за европскиот пазар па можно е во наредниот период да се види и ваква варијанта наменета за клиентите од Стариот континент.