Одбројување до лансирањето на новиот електричен BMW iNext
BMW го претстави Vision iNEXT во концептното издание во септември 2018 година, додека серискиот модел ќе се појави подоцна овој месец на специјален настан наречен NextGen (најавен за 11 ноември).
Производството на овој модел ќе започне на почетокот од следната година, во фабриката Динголфинг во Германија.
Во секој случај, пристигнува електричен BMW кросовер, со најнапредна опрема, погон на сите тркала и автономија од околу 600 km (според стандардите на WLTP), но повеќе детали допрва ќе следуваат.
Една од интересните новини е електричниот повеќеаголен волан, каде возачот ќе може лесно да го менува режимот на возење од активен во високо автоматизиран.
Исто така, iNEXT ќе биде опремен со голем закривен екран свртен кон возачот. Овој екран се очекува да ја добие улогата на инструмент табла и централен екран, со најава дека екранот ќе биде чувствителен на допир и дисплејот ќе биде прилагодлив.