Последната во низата претседателски лимузини беше лансирана пред две години

Претседателските лимузини се излог на сопствената автомобилска индустрија во земјите, кои, се разбира, имаат своја автомобилска индустрија, додека во посиромашните служат само како одраз на моќта над „обичниот“ народ. 

Американските претседателски лимузини можеби не се најубавите во светот, но секако се крајно технолошки напредни и интересни, со оглед на тоа колку е вреден „товарот“ што го носат. Благодарение на изданието Vanarama ви донесуваме преглед на американските претседателски лимузини заедно со нивните цени.

1939 Lincoln K Sunshine Special

Првиот автомобил во согласност со претседателската улога бил Lincoln. Од 1939 година го користел Френклин Делано Рузвелт. Модификациите во однос на стандардниот модел биле мали, сè до влегувањето на САД во Втората светска војна кога на автомобилот му е додаден оклоп, непробојни гуми, подебело стакло, па дури и оддели за рачно оружје

1942 Lincoln Custom

Автомобилот добил над три тони оклоп, а со тоа и помоќни сопирачки. По војната повторно бил модифициран.

1950 Lincoln Cosmopolitan

Претседателот Хари Труман сè уште се возел во блиндираниот Lincoln. Тој на располагање имал и кабриолет, но ќе остане запаметен како последниот претседателски автомобил напојуван со V12 мотор. Станува збор за 5.8-литарски атмосферски мотор со нешто повеќе од 150 КС.

1961 – 1972 Lincoln Continental

Секогаш елегантниот Continental за жал е запаметен по кабриолетот во кој беше убиен Кенеди. Во него е нападнат и Форд, а во 1981 година и Реган.

1983 Cadillac Fleetwood

Во 1983 година, доаѓа првиот Cadillac во претседателската ергела. Блиндираниот примерок го користел само претседателот Реган, а имал и повисок кров.

1989 Lincoln Town Car

Претседателот Буш ја имаше честа да вози во последниот Lincoln направен таа улога. Секако блиндиран и со драстично модифициран погон.

1993 Cadillac Fleetwood

Првиот технолошки напреден претседателски автомобил го користел Бил Клинтон. Целосно оклопен со моќен V8 мотор, можел да вози со брзина од над 200 km/h,и бил опремен со опрема за комуникација.

2001 Cadillac DeVille

Овој Cadillac е се друго само не DeVille. Ова е првиот претседателски уникат, поставен врз основата на американскиот теренец со тежок оклоп, безбедносна опрема, термички камери и снабдување со воздух. Тоа бил најнапредниот автомобил во тоа време.

2005 Cadillac DTS

Оклопот бил дебел 12,5 cm, прозорците не можело да се отвораат, а наводно е најбрзата лимузина во историјата со максимални 240 km/h.

2009 Cadillac “One”

Го користел претседателот Обама. Тој, наводно, не можел да вози побрзо од 96 km/h, но понудил беспрекорна заштита. Тоа е првиот автомобил е во кој имало и залихи на крв за потреба од инфузија во случај на напад врз претседателот.

2011 Ground Force One

Првиот и единствен автобус во улога на команден центар. Тој е блиндиран, а со вградената опрема се овозможува управување со државата.

2018 Cadillac “The Beast”

The Beast е унапредед модел од 2009 година. Безбеден како бункер и располага со сè што може да му притреба на претседателот за извршување на функцијата додека ја користи лимузината.

Најскапата лимузина е …

Земајќи ја предвид инфлацијата, направена е и ценовна табела.