Преку видео, Volvo објаснува зошто воведува ограничување на брзината од 180 km/h / ВИДЕО
Volvo на социјалните мрежи сподели видео во кое, повикувајќи се на својата историја, ја објаснува целта на марката за воведување ограничување на брзината од 180 km/h
Филмот се однесува на минатото кога Volvo беше критикуван за „кршење на човековите права“ со воведувањето на безбедносни ремени. Овој пронајдок, години подоцна, се покажа како еден од најважните во областа на спасување животи во случај на сообраќајна несреќа.
Без безбедносни ремени, понатамошниот развој на автомобилите би бил тежок, бидејќи луѓето се основата на проблемот. Се додека останува „инерциска маса“, која удира во пречка, тогаш ништо друго, ниеден друг систем неможе да помогне.
Сега кога на полето на безбедноста е постигнато многу, Volvo го прави следниот чекор, воведувајќи ограничување на брзината од 180 km/h за сите автомобили во својата понуда. Оваа опција ќе биде инсталирана во сите модели на Volvo од следната година.
Еве како Volvo го споредува овој чекор со историјата на безбедносните ремени.
https://youtu.be/r__E_xT9ijM