Fiat ја прошири палетата на моделот 500e / ФОТО+ВИДЕО
Премиерно прикажана новата верзија со ознака 3+1
Италијанскиот производител на возила вели дека ваквото издание е наменето за помлади луѓе со семејства, оние кои сакаат да продолжат да живеат во градовите, а во исто време за нив е исклучително важно 500-та да не го изгуби шармот од минатото.
Ако се погледнеме моделот од страната на возачот, се чини дека станува збор за стандарден хечбек кој беше претставен со новата генерација на почетокот од годината. Но, ако се погледне другата страна на возилото, забележлива е дополнителната мала врата, доволна за да се олесни пристапот до задните седишта.
На овој начин, моделот за прв пат во својата историја, има повеќе од три врати фабрички вградени, ако не се сметаат некои специјални доработки од 1960-тите. И покрај фактот дека има друга врата, автомобилот не добил во димензии, но тежината на возилото е поголема за околу 30 килограми.
Треба да се каже дека вратите од двете страни се идентични по големина, а дополнителните од задната страна се протега во внатрешноста на столбот Б. Задната врата работи само кога предната е отворена од безбедносни причини.
Пакетот 3 + 1 ќе биде достапен само за електричниот модел 500е, што значи дека се напојува од единица која развива 118 КС. Благодарение на батеријата од 42 kW, 500e е во состојба да помине 320 километри со едно полнење. Перформансите се исто така задоволителни, така што забрзувањето од место до 100 km/h трае пристоји девет секунди, додека крајната брзина е 149 km/h.
[useyourdrive dir=”1DTAK_3D3hfn7XN0BxY5ga-Tq0fqgfQec” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Колку ќе чини ова специјално издание не е познато, ако се знае дека стандардниот 500е со три врати чини 25.900 евра.