Hyundai RM20e – најава на електричната иднина на спортските модели / ФОТО+ВИДЕО
Електричниот погон се повеќе се користи и во спортските автомобили. Пример е најновата креација на Hyundai, RM20e, која ги најавува идните модели на спортската филијала на брендот
Hyundai RM20e е најновата еквивалент верзија на моделот Veloster, кој овде служел како основа, позајмувајќи ја каросеријата која добила голем број аеродинамички додатоци, вклучувајќи го и задниот спојлер.
Погонот е на задната оска, а централниот електромотор може да се пофали со импресивни параметри – 810 КС и 960 Nm максимален вртежен момент.
Ова се вредности кои на RM20e му овозможуваат од 0 до 100 km/h да стигне за помалку од 3 секунди. Достигнувањето до 200 km/h трае само 9,8 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h. Опсегот останува непознат, но познато е дека агресивниот изглед на телото крие батерија од 60 kWh.
RM20e во моментов е само концепт, предвесник на иднината, покажувајќи во кој правец ќе оди Спортската дивизија N во следните години. Ова во голема мерка ќе биде можно благодарение на соработката со Rimac, експертот за електрични спортски автомобили. Корејско-хрватското партнерство е воспоставено во 2019 година.