Времето за замена на филтерот е дојдено акопочувствувате некој мирис однадвор, дури и ако сте ја вклучиле опцијата за рециркулација на воздухот на климатизерот …

Ако ја следиме циркулацијата на воздухот во автомобилот, едниот крак е насочен кон моторот и за неговиот квалитет се грижи филтер за воздух, а другиот крак е кон кабината и за квалитетот исто така се грижи филтерот за воздух, но во салонот.

Филтерот за воздух во салонот се состои од хартија и памук и содржи активен јаглен. Неговата функција е да спречи влегување и на најмалите честички нечистотии во кабината – до 0,1 микрони и со тоа да спречи возачот и патниците да вдишат опасни материи од издувните гасови во сообраќајот и околината.

Филтерот обично се наоѓа зад фиоката пред совозачкото место или под шофершајбната. Треба да се менува помеѓу 25.000 и 50.000 километри. Промените треба да бидат почести доколку се вози претежно во урбани услови на сообраќај.

Како можете сами да влијаете на неговата функционалност? Често палење на цигара во автомобилот влијае на намалување на неговата ефикасност затоа што масните наслаги на чад се лепат на неговите мрежички.

Времето за замена на филтерот е дојдено ако почувствувате некој мирис однадвор, дури и ако сте ја вклучиле опцијата за рециркулација на воздухот на климатизерот, ако чувствувате непријатни мириси кои не се поврзани со надворешни мириси, ако во вашата кабина влегува чад, ако протокот на воздух е забавен односно ако е појачана работата на уредот за вентилација, а нема ефект… Се ова се причини за замена на филтерот за воздух во салонот.

Делувајте, во име на вашето здравје, но и здравјето на оние кои се возат со вас.