Ford Puma доби верзија ST / ФОТО+ВИДЕО
„Набилданиот“ кросовер развива 197 КС, а до стотка забрзува за 6,7 секунди
Американскиот производител на автомобили Ford го покажа својот прв кросовер со префиксот ST во своето име за европскиот пазар.
Технички, спортскиот кросовер е близу до Fiesta ST. Моделот добил 1.5-литарска EcoBoost турбо единица, која развива 197 КС и 320 Nm вртежен момент. Моторот е комбиниран со 6-степен мануелен менувач и диференцијал со ограничено пролизгување. Како резултатна тоа, забрзувањето од место до 100 km/h трае 6,7 секунди, а максималната брзина е 220 km/h.
Кросовер моделот добил и поцврста шасија и прилагодено управување, поголеми дискови на сопирачките и четири режими на возење – Normal, Sport, Track и Eco. Последниот заштедува гориво и за прв пат се појавува во спортски модел на компанијата.
Во салонот, Ford Puma ST добила седишта Recaro, волан со рамен раб, дигитална инструмент табла од 12,3 инчи, мултимедијален систем Sync 3 со поддршка за Android Auto и Apple CarPlay, аудио систем В&О…
Надворешно, Ford Puma ST се разликува од стандардната верзија по специјалната палета на бои за каросеријата, која вклучува шест нијанси – вклучувајќи ја и ексклузивната „Mean Green“ зелена боја. Без оглед на изборот на главната боја за надворешноста, покривот, предната решетка, страничните лајсни, рабовите на ретровизорите и задниот спојлер се во црно боја. Спортскиот изглед го подобруваат 19-инчните тркала со гуми Michelin Pilot Sport 4S, а логото ST се проектира на тлото кога ќе се отвори возачката врата.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1pqRPJJxmxX6L3EbK6ZWXVHIjGWFToJ63″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]