Откако можевме да видиме како изгледа внатрешноста на моделот ID.4, сега сме во можност да видиме како изгледа и надворешноста на овој електричен модел

Пред неколку дена, германскиот производител го откри изгледот на ентериерот на кросоверот ID.4, а промотивните активности пред премиерата продолжуваат со кратко видео на Twitter за надворешниот изглед и способностите на електричниот кросовер.

Volkswagen ID.4 е заснован на концептот ID.Crozz од 2017 година. Овој кросовер е малку поголем од електричниот хечбек ID.3, а по димензии е сличен на Tiguan.

Она што за сега се знае е дека е поставен на механичката платформа MEB наменета за електрични модели на групацијата Volkswagen, а ќе има слични перформанси како неодамна претставениот електричен кросовер на Škoda – моделот Enyaq iV. Покрај тоа, познато е дека волуменот на багажникот ќе биде солидни 543 литри.

Повеќе детали за овој автомобил ќе бидат познати по 23 септември, за кога е закажана официјалната премиера. Продажбата во Европа ќе започне до крајот на 2020 година, а освен во Германија, VW ID.4 ќе се произведува во Кина и САД.