Од утре бензините и дизелот со пониска цена
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 31.08.2020 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 61,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,575 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,956 ден/кг.