Може ли Шекил О’Нил да влезе во Tesla Model S? / ВИДЕО
Легендата на кошарката го повика Илон Маск да прави автомобили и за големи момци
Кошаркарската NBA легенда, Шекил О’Нил, висок 2,16 метри и тежок 147 килограми, решил да вози електричниот Tesla Model S. Иако поранешниот спортист го избрал совозачкото седиште, каде што не му пречи воланот, влегувањето во автомобилот претставувало сериозен проблем.
Видео од успешниот обид на Шек да се обедини со Тесла, на социјалната мрежа TikTok објави пријател на легендата на кошарката, кој исто така е сопственик на електричниот автомобил. Висината на лифтбекот се покажала како доволна, но не и должината, што го принудила О’Нил да ги користи рацете за да ги намести нозете.
„Илон, дали конечно ќе ја направиш Tesla и за големи момци?“, го прашува Шек Илон Маск.
Должината на Tesla Model S е 4.970 mm, ширината – 1.964 mm, а висината – 1.435 mm, но овие димензии се очигледно мали за големиот кошаркар. Сепак, тој има искуство со влегување во тесни автомобили за него. Доказ за тоа е неговиот успешен обид да се вклопи во двоседот Smart минатата година.